ТОП,Македонија

Ангажирани се 564 војници, исчистени се над 1.000 поплавени куќи

Ангажирани се 564 војници, исчистени се над 1.000 поплавени куќи
Владата на Република Македонија, обезбеди и стави во функција вкупно 1000 водни пумпи (вакум пумпи за испумпување на вода) и 180 муљни пумпи (пумпи за вадење на кал), агрегати за муљните пумпи, како и црева во должина од најмалку 30 метри по пумпа, кои во координација со припадниците на Армијата на Република Македонија и силите за заштита и спасување беа распоредени во подрачјата опфатени од поплавите, особено во утврдените најкритични и приоритетни населени места, рече вицепремиерот Никола Тодоров во своето обраќање.

Во функција на справување последиците од силното невреме и поплавите, на помош на Градот Скопје и Општина Гази Баба се дојдени противпожарни единици од Свети Николе, Куманово, Битола, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Гевгелија, со соодветни тимови и противпожарни возила и цистерни за вода.

-Исто така, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта со сите нивни ресурси успеа да обезбеди дополнителна механизација, алат и работна сила во сите населени места и за обиколницата од преку 50 приватни компании, единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија, и државните институции. Од Одделот за специјални полициски операции во периодот од 6-12.08.2016 година ангажирани се над 2000 припадници со ПМВ и специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во евакуирање на лица, потрага по исчезнати лица, укажување на медицинска помош и извлекување возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода од дворови, чистење на јами, тампонирање на улици, чистење на речно корито и одводни канали. Од страна на СВР Скопје на дневна основа се ангажираат од 200 до 300 полициски службеници со околу 50 возила (24 часовно покривање на кризното подрачје) кои преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир на подрачјето зафатено со криза, рече Тодоров.

Тој нагласи декја во кризните региони на Република Македонија се ангажирани 564 лица од составот на Армијата на Република Македонија кои се распоредени во пет сектори. Од страна на дел од припадниците на Армијата на Република Македонија извршено е отстранување на последиците од елементарната непогода при што се исчистени преку 1000 куќи, голем број згради, најмалку 10 канали и клучните главни шахти.

-Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија формираа два прифатни центри и два дистрибутивни центри. Формирани се дисперзирани амбуланти во населените места Стајковци и Ченто, каде што се пружа здравствена заштита на примарно ниво, а дополнително во амбулантите е обезбедена и специјалистичка здравствена заштита, со цел истата да се доближи до пациентите, поблиску до местото на живеење, односно на местото на криза и тоа:

-Во двете амбуланти се присутни лекар специјалист за инфективни болести и медицинска сестра (од 8 – 20 часот) со цел давање вакцина и серум за тетанус на повредени лица кои учествуваат во санирање на подрачјето, а вршат и скрининг на евентуални заразни болести. Екипи од ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, од ГОБ „8 Септември“ и од Здравствен дом Скопје ги посетуваат инсулинозависните пациенти во овој регион, им делат терапија и се информираат за нивната здравствена состојба. Во овој регионима вкупно 284 лица на инсулин. Во здравствениот пункт во населеното место Стајковци е обезбеден инсулин од сите видовиСо зајакнувањето на примарната здравствена заштита и обезбедувањето дополнителна специјалистичка здравствена заштита се покриени над 14.000 жители во поплавените подрачја. Согласно дневните извештаи од Министерството за здравство, итната медицинска помош во изминатите денови по поплавите извршила 482 интервенции во овие подрачја, рече Тодоров.

Со цел обезбедување континуирана здравствена заштита за жителите од кризните подрачја, на две места (на последна постојка на автобус бр.45 во населбата Ченто и на автобус бр.65 во Стајковци) е поставено 24 часовно присуство на возила на Итната медицинска помош. Здравствениот систем одговори со полн капацитет, а сите болници имаат доволно капацитети за сместување на повредени лица.

-Во двете дисперзирани амбуланти се обезбедени потребните лекови, и тоа: лекови за хронично болни лица кои имаат потреба од секојдневно примање терапија, како што се лекови за висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања, а обезбедени се и лекови неопходни при појава на други здравствени симптоми. Министерството за здравство обезбедува и оброци храна за лицата во поплавените подрачја и на дневна основа се обезедуваат околу 1.400 оброци.Дополнително, здравствена заштита се обезбедува и со патронажните тимови,  над 50 тима се вклучени во оваа акција и досега се посетени над 2.100 лица.

Тимови од Центрите за јавно здравје, во координација со Министерството за здравство започнаа со дезинфекција во домовите каде се создадени услови.Досега е  извршена е дезинфекција на површина од вкупно 15.400.000 метри квадратни. Веќе е почната и ларвицидна дезинсекција на поплавените површини по ниви и секаде каде има поголема количина на вода и тоа 30 Ха на потегот кај Смилковско езеро и 300 метри во должина на каналот во Стајковци, рече Тодоров.

Тој наброи уште само еден дел од преземените активности и активности кои континуирано се спроведуваат:
–          Од кал и тиња се исчистени главните сообраќајници во афектираните подрачја;
–          Тампониран и пуштен е во употреба делот од обиколницата на Автопатот;
–          Отстранета е водата во најголемиот дел од поплавените домаќинства, се вршат активности за расчистување на калта.
–          Оспособена е електричната инсталација и пуштена е електрична енергија до крајните корисници (со исклучок на поедини случаи).

–          Оспособена и  пуштена е во употреба телекомуникациската мрежа;
–          Обезбедено е сместување во прифатните центри (еден објект на Министерството за образование и наука и еден објект на Министерството за труд и социјална политика) каде Црвениот крст на Република Македонија пружа згрижување на лицата.
–          Обезбедена и дистрибуирана е вода, храна, лекови, хигиенски материјали,  облека, обувки, ќебиња и душеци за граѓаните во афектираните подрачја. Во организација на Министерството за труд и социјални работи, прифатот и дистрибуцијата ја врши Црвениот крст на Република Македонија.-          Обезбедена и дистрибуирана е храна за неколку дена за преживените животни во фармите лоцирани во афектираните подрачја.
–          Се подигнуваат и нештетно се отстрануваат мрши од угинатите животни, и континуирано се вршат активности  процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

-Граѓаните на Република Македонија многупати досега ја покажале својата хуманост и својата солидарност секогаш кога тоа било потребно. Горд сум што и овие денови уште еднаш нашите сограѓани од сите краеви на државата уште еднаш на дело ја покажаа својата солидарност и што дојдоа во кризните подрачја да помогнат во санацијата на регионот. Горд сум и на сите граѓани кои иако не можеа да дојдат и да помогнат во расчистувањето на штетите од поплавите, донираа храна, вода, финансиски средства за нашите сограѓани. На крај Ве повикувам сите да бидете рамо до рамо со волонтерите и граѓаните. Сега не е време за политички говори и дискусии. Сега е време за работа. На сите нас сега местото ни е во кризните региони. Секој со својот ангажман може да придонесе за побрзо санирање и побрза обнова на домовите, населените места и населбите кои ги зафати оваа поплава. Тоа е она што го очекуваат граѓаните. Тоа е она што го очекуваат нашите сограѓани од кризните региони. Да бидеме таму и да им помагаме. Тоа е наша обврска, рече Тодоров.