петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 55

Ангажирањето на врвни тренери од странство ќе донесе бенефит и за спортистите и за тренерскиот кадар

груевски

Последни вести

 

Младите кошаркари ја поздравија мерката за ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии. Сметаат дека со врвен странски тренер ќе постигнат подобри резултати.

Тоа е голема предност за нас, минатата година не тренираа врвни тренери од нашата држава, а сега ни се најавени и други врни тренери кои ќе ни помогнат да ги совладаме сите кошаркарски елементи. Тоа значително ќе ни помогне во нашата кошаркарска кариера и да се развиваме со подобри кошаркарски елементи, како и да не корегираат во нашите грешки, вели Христијан Стојановски, од кошаркарската паралелка на Спортската академија.

Тој вели дека би сакал да биде трениран од тренерот Жељко Обрадовиќ, кој според него е еден од врвните тренери во кошарката во Европа и пошироко.

И според Александар Јовановски кој исто така е дел од Спортската академија ова е одличен проект.

За нас е одлично што врвни спортисти ќе не тренираат. Мене таквите тренинзи лично многу ќе ми помогнат и се надевам во мојата понатамошна кошарскарска кариера, вели тој.

Дејан Јовановски, директор на Спортската академија,  новата мерка за ангажирање странски тренери ќе донесе бенефит и за младите спортисти и за тренерскиот кадар во земјава.

Создавање врвни спортисти кои ќе бидат носители на нашиот национален спорт, а од друга страна  – со ангажирањето квалитетни тренери ќе останеме во непосреден контакт со светските трендови за едукација и доедукација на нашиот веќе постојан тренерски кадар, и контакти во однос на меѓународна размена на искуства, рече Јовановски.

Првиот ангажиран тренер со меѓународно искуство ќе биде за фудбал – спорт за кој има и најголем интерес на Спортската академија. Потоа од година в година ќе продолжи ангажманот на тренери и за ракомет, кошарка и тенис. Ангажирањето на врвни тренери е една од четирите нови мерки за поддршка и развој на македонскиот спорт, која според ресорниот заменик министер, значително треба да  го подобри и да го поддржи квалитетот на спортот и развојот на спортските таленти во земјава.

Идејата за ангажирање врвни спортски тренери за четирите спорта во Академијата ќе биде дополнување и поддршка на веќе актуелниот стручен кадар кој го реализира тренажниот процес во училиштето. Сепак, како и во светот, за развој на спортот е неопходен меѓународно признат тенерски кадар за да даде стручно знаење, а ние како Министерство да дадаеме поддршка за правилниот развој на овие спортски таленти кои потоа треба да го носат државниот дрес. Секако, нема да биде бесплатно ангажиран тренер од таков од ранг, така што веќе ги предвидовме средствата за наредната учебна година потребни за Академијата. Но тоа што ќе го инвестираме очекуваме неколкукратно да и се врати на Македонија – преку градење спортски таленти кои ќе и донесат спортски успеси во следниот период, изјави Ристовски.

Ангажирањето на врвни тренери од странство во спортските академии е една од четирите нови мерки за поддршка и развој на македонскиот спорт, кои ги најави лидерот на владејачката партија пред два дена.

Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери. Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија според успесите и искуствата. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017-та во соработка со спортската академија и спортските федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првите тренери со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе е ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје. Значи првиот тренер ќе биде ангажиран во фудбалската академија во Скопје, а потоа во секоја година тоа ќе се проширува и во другите градови но и во другите спортови, истакна Груевски.

Освен оваа тој најави и зголемена поддршка за спортските федерации чии диспциплини се олимписки, директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја лига, како и финансирање на клубовите и  спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат спортски клубови и спортисти.

Ова ќе значи директно откажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, на клубовите, на федерациите и на врвниот спорт. Потенцијално на пример за следната година каде во буџетот е предвидено приближно 200 милиони евра да изнесува данокот на добивка ова ќе значи од прилика дека околу 50 милиони евра се потенцијални пари кои наместо во буџетот, компаниите кои остваруваат добивка ќе може да ги вложат во спортските клубови, спортските федерации, МОК и врвните спортисти. И се разбира за тој дел да бидат ослободени од данок на добивка, изјави Груевски.

Тој додаде дека овие мерки се само дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за директна поддршка на спортот и спортистите, клубовите, федерациите во Македонија, со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби.  Од идната година, како што најави Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе се продолжи со ангажман и на други градови и спортови.

Најчитани вести