Ангела Меркел – лидер на Европа во 2014 година

Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за лидер на Европа за 2014. година.

Имено, во спроведена анкета најголем број испитаници на прашањето „кој ја водеше Европа во 2014 година“како одговор ја посочиле токму Меркел.

Демпси, која пред да стане дел од фондацијата „Карнеги Европа“, работела како уредник и колумнист за водечки западни медиуми како „Интернешанл Хералд Трибјун“, „Фајненшл Тајмс“, „Економист“ и „Њујорк Тајмс“, секоја недела прави анкета на теми поврзани со безбедносни предизвици со познати европски политичари, научници, професори и бизнисмени.

За Карл Бледовски, директор во организацијата Алијанса на производители за продуктивност и иновации, покрај норвешкиот шахист Магнус Карлсен, кој стана играч со највисок рејтинг досега, нема никкави дилеми дека Ангела Меркел е личноста што ја водела Европа во 2014 гдина, поради тоа што нејзините колеги Дејвид Камерон, Франоа Оланд или Матео Ренци, не покажале капацитет за време на еврокризата или во врска со руско-украинскиот конфликт каде се бараше носење на одлуки во услови на криза.

Според Бледовски, Меркел покажала убедливо лидерство кога по „руската агресија на Украина“, Германија како членка на НАТО, ги потврдила обврските кон Полска и балтичките земји, како што ги смири некои од членките на ЕУ кои имаа рерзеви за санкциите кон Русија.

За Штефан Ленестајн, визитинг професор во „Карнеги Европа“, Меркел била доминантна во менаџирањето на европската економска криза, а во 2014 година таа покажала лидерство и во геополитиката.

Со контактите што ги имаше со Путин и со другите европски лидери таа успеа да постигне кохерентност во европскиот одговор на предизвиците што ги постави Русија во Источна Европа, смета Ленестајн.

Според него, веќе нема дилеми на прашањето што го постави Хенри Кисинџер на кој телефон треба да се јави ако сака да разговара со Европа. Американската Агеција за национала безбедност (НСА) тоа го одговори лани кога го прислушкуваше телефонот на Меркел, спета Ленестајн, според кого Меркел сепак нема визија, а ниту партнери за да постигне трајно решение на проблемите со кои се соочува Европа.

Нејзиниот проблем е што таа е постојано во дефанзива и дозволува регенерирање на економските и политичките проблеми кои што одново треба да се решаваат, оценува Ленестајн.

Џани Риота од Советот за меѓународни односи смета дека вистинското прашање е кој погрешно ја водеше Европа во 2014 и веднаш дава одговор дека тоа биле вообичаено сомнителните – поранешниот шеф на Еврокомисјата, Мануел Баросо, екс-шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, францускиот претседател Оланд, британскиот премиер Камерон или новиот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер.

Тој смета дека Меркел и покрај храброста „да го удри в лице“ рускиот претседател Путин по агресијата на Крим и да воведе санкции, сепак не ја водела својата земја и континентот со вистинска и јасна стратегија. Таа, според Риота, правела баланс со носталгијата на нејзините гласачи за старата добра германска марка, со бизнисот кому му недостасуваат руските договори и со американската НСА која и го прислушуваша телефонот.

Единствена Меркел и Марио Драги, шефот на Европската централна Банка, можат да ја спречат следната евро катастрофа, смета италијанскиот аналитичар.

Џемјс Роџерс, предавач за европска безбедност на Балтичкиот колеџ за одбрана, смета дека геостратешки Европа била водена на различни начини во 2014 година, од страна на трите балтички земји, од Велика Британија со помош на САД и од Германија. Според него, овие шест земји ја дале потребната енергија во обидот да се потврди европската упорност и регенерацијата на НАТО по руската анексија на Крим.

Германија сфати дека „новата источна политика“ не функционира и дека кога се зборува со Путин, како да се зборува со ѕид и затоа Меркел се откажа од својата политика на отстапки и покрај незадоволството кај некои делови од германското општество, објасннува Роџерс.

Не е големо изненадување ако се рече дека Ангела Меркел ја водеше Европа во 2014, смета Улрих Спек, вонреден професор на „Карнеги Европа“. Да се предводи Европа од плодна соработка со Русија кон конфронтација со Путин, беше најважниот политички процес во Европа годинава што изминува, смета Спек, кој е убеден дека овој процес беше менаџиран од Меркел.

Нејзиното лидерство се состои од три дела. Во Германија таа демонстрираше моќ да изгради поддршка во нејзината партија, како и во коалицијата со Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Потоа истото го спроведе во Европа и на крајот таа работеше со американскиот претседател Барак Обама во изградба на заеднички фронт кон Кремљ, објаснува Спек, зошто ја избира Меркел за лидер на ЕУ во 2014 година.

Павел Свибода од организацијата Демос Европа смета дека на Меркел мора да и се признае успешнното оркестрирањето на европските реакции кон руската криза. Нејзината идеја да ги комбинира политичката острина и отворените канали за комуникација е за пофалба, вели Свибода.

И Штефан Сабо, извршен директор на Трансатлантик Академијата, смета дека Меркел била главната личност што ја водела Европа во 2014 година и тоа затоа што повеќе од кој било друг лидер ја зближи ЕУ во заедничкиот стратешки предизвик.

Без нејзиното лидерство Германија немаше да ја менува својата политика кон Русија. За грешка може да и се смета фактот што го превенираше олеснувањњето на фискалната и финансиска стагнација со која се соочува Европа. Единствен кој може да и парира на Меркел во лидерство оваа година за разлика од Оланд и Камерон, кои ги маргинализираат своите земји во ЕУ, е италијанскиот премиер Матео Ренци, кој ја претставува новата генерација политички лидери кои допрва доаѓаат, смета Сабо.