Свет

Ангела Меркел – од ќерка на свештеник до највлијателна жена во светот

Ангела Меркел – од ќерка на свештеник до највлијателна жена во светот

Бундестагот ја реизбра Ангела Меркел за федерален канцелар на Германија, соопшти „Дојче Веле“.

Меркел беше избрана на највисоката функција по трет пат. Таа ја предводи германската Влада од 2005 година наваму.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, ќерка на свештеник порасната за време на комунизмот, се издигна до највлијателната жена во светот, управувајќи со најголемата економија во Европската унија и ставајќи го политичкиот тон на континентот, коментира „АФП“.

Го добила прекарот Мути во татковината заради својот смирувачки стил, таа е исклучително популарна за безбедно владеење на Германија, во период на глобалните финансиски превирања, но Хоча од погодените од кризата држави за горчливата терапија со реформи и финансиска воздржаност.

Премиерот на германската провинција Баварија, Хорст Зеехофер и честита на Меркел
Премиерот на германската провинција Баварија, Хорст Зеехофер и честита на Меркел

Првата жена канцелар на Германија го постигна најголемиот триумф на изборите на 22 септември, кога конзервативците добија трети мандат, нешто што досега го постигнале од Конрад Аденауер и Хелмут Кол.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и честиташе Ангела Меркел за нејзиниот реизбор. Баросо во обраќање истакнал дека се надева на соработка за надминување на кризата, пренесе „Риа Новости“.

„Вашиот реизбор е потврда за вашите минати напори и е сигнал за доверба во наредните години“, изјавил Баросо.