Ангела Меркел пристигна во Киев

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел денеска пристигна во Киев на разговори за конфликтот со Русија, поради прорускиот сепаратистички бунт.

Воедно Меркел е највисокиот западен лидер, кој ја посетува Украина од почетокот на кризата.

Посетата на Меркел се случува пред одбележувањето утре на Денот на независноста на Украина и се толкува од Киев како знак на поддршка.

Меркел се очекува на средбата со претседателот на Украина Петро Порошенко да побара од него да ја омекне воената операција против сепаратистите.

Германската канцеларка е предвидено да се сретне и со премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук и градоначалниците на различни региони на земјата, меѓу кои и на Доњецката област, која е бастион на сепаратистите.