петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Амбасадорот Ангелов со апел за унапредување на соработката меѓу грчката и македонската гранична полиција

angelov-1

Поврзани вести

Македонија мора да се прилагоди на новиот режим воспоставен од земјите северно од нас, а земјата не е во состојба долгорочно да сместува беглаци и мигранти на своја територија, соопштил македонскиот амбасaдор во Атина,  Дарко Ангелов, на средбата со заменикот министер за надворешни работи на Никос Ксидакис.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, амбасадорот Ангелов, на средбата која што се одржа на негова иницијатива, го информирал заменикот шеф на грчката дипломатија за одлуката на нашите власти да ги следат мерките кои што пред нас започнаа да ги спроведуваат соседна Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија каде што сега се пропуштаат само оние лица кои што доаѓаат од завојуваните подрачја.

Евентуалната изградба на ограда на дел од јужната граница е со цел спречување на се поголемиот број, пред се економски мигранти, кои што се обидуваат да ја преминат границата на илегални премини, со цел да избегнат регистрација на единствениот дозволен премин кај Гевгелија, истакнал амбасадорот Ангелов.

Македонскиот амбасадор апелирал соработката меѓу двете гранични полиции да биде квалитативно и хереархиски подигната, со цел добивање на безбедносни информации и најави за нови приливи на бегалци, а неговиот соговорник најавил скора реакција на македонските барања и зголемување на соработката.

Во меѓуграничната зона во моментов се наоѓаат околу 1000 мигранти на кои што не им е дозволено да ја минат македонската граница. Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски добил уверување од грчките власти дека економските мигранти од меѓуграничниот простор ќе бидат отстранети.

Најчитани вести