Ангелов именуван за координатор за прашања за бранителите

Стојанче Ангелов, поранешниот полициски генерал и лидер на партијата „Достоинство“, ќе биде национален координатор во Владата. Ангелов на денешната владина седница е именуван за национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители.

Ангелов до пред еден месец беше на работа во МВР, а поради тоа што сака да продолжи со својот политички ангажман даде оставка во полицијата и се вработи советник за воздухопловна техника во М-НАВ.

Јас ќе работам на подобра координација меѓу Владата и припадниците на безбедносните сили. Моите професионани ангажмани во М-НАВ остануваат. Целта останува иста – заштита на интересите на бранителоте, на оние припадници на безбедносните сили кои крвареа за татковината, во заштита на интересите на сите македонски борци кои беа подготвени да го дадат својот живот за Македонија, изјави Ангелов за МКД.

Тој вели дека новата работна задача ќе ја извршува без надомест