Ангелов МВП на четвртфиналето од ЛШ

Голманот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Петар Ангелов е прогласен за најкорисен играч (МВП) во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

За него на официјалната интеренет страница на Ев ропската ракометна федерација ( ЕХФ) гласаа 1.226 учесници.

Клучен момент за понесување на признанието најкорисен играч во четвртфиналето беа неговите 22 одбрани на дуелите со Фленсбург, од кои дури 18 беа на првиот натпревар на гости.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.