Ангелов нема повеќе да настапува за репрезентација

Ангелов нема повеќе да настапува за репрезентација
Ангелов нема повеќе да настапува за репрезентација
 Петар Ангелов со познатиот прекар Диви кој долги години го чуваше голот на Македонија, преку Фејсбук соопшти дека повеќе нема да настапува за ракометната репрезентација.
– По повеќе од 20 години репрезентативен стаж почнувајќи од младинските па се до сениорската репрезентација, и повеќе од година ипол размислување, мислам дека едноставно дојде време да го соблечам дресот со државниот грб. Дадов се за Македонија, секогаш со срце сум настапувал за единствената земја која ја сакам, и горд сум на се што направив, а се надевам дека и сите Вас барем еднаш со моите одбрани сум Ве направил среќни. Да бидам искрен, фејсбукот не е мој терен, па наместо лајкови, многу повеќе ќе ми значи Вашето присуство на прес конференцијата која наскоро ќе се оддржи, а на која ќе Ви се заблагодарам на сите за сите овие прекрасни години и заеднички да им посакаме успех на нашите репрезентативци на квалификационот турнир за олимписките игри во Рио, стои во обраќањето на Ангелов.
Токму Ангелов со одбранет седмерец на вчерашниот дуел нанеговиот Вардар му помогна да направи пресврт против Висла и да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во Европа.