Политика

Ангелов поднесе тужба против главниот уредник на МРТВ

Ангелов поднесе тужба против главниот уредник на МРТВ

Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство против главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ, Диме Ратајкоски, за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис.

Според лидерот на партијата на бранителите Достоинство, Ратајкоски ја злоупотребил службената положба и овластување со тоа што овозможил пристрасно пласирање на информации во корист на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и им нанел штета на граѓаните.
Ангелов и денеска протестираше пред МРТВ и бара објавување на аудио снимките од прислушуваните разговори кои СДСМ ги објавува.