Ангелов: Прашањето за името не треба да влијае во односите меѓу Македонија и Грција

Ангелов: Прашањето за името не треба да влијае во односите меѓу Македонија и Грција
Ангелов: Прашањето за името не треба да влијае во односите меѓу Македонија и Грција

Со Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција се обидуваме да надоместиме за многуте изгубени години кои требаше да ги потрошиме за изградба на правни и практични основи за билатералната соработка во сите области кои се од значење за нашите граѓани и бизниси, изјави македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов, пренесува МИА.

Во интервју за Независната балканска новинаска агенција (ИБНА), Ангелов нагласува дека мерките за градење доверба меѓу двете земји сами по себе не се поврзани со прашањето за името, кое треба да се решава одделно, без да влијае врз најосновните аспекти во односите меѓу двете соседни земји.

– Мојата Влада силно го поддржува ваквиот пристап, и всушност тоа е нашиот став и предлози од првите години на нашата независност во 1991 година. Да потсетам дека една од главните цели на Времената спогодба потпишана во 1995 година, која е камен-темелник на нашите билатерални односи, беше да се обезбеди правна рамка за нормализирање на меѓусебните односи и соработка, без оглед на постоечката разлика околу името. Малку е познато во Грција дека нашите две земји немаат ниту еден потпишан билатерален договор кој би ја олеснил нашата економска соработка. Истото важи и за други области, како што се безбедноста и одбраната, културата, образованието, вели македонскиот амбасадор.

На прашањето дали преговорите ќе влезат во нова фаза по предвремените избори кои ќе се одржат во април,