Спорт

Ангеловски: Евтино ја продадовме националната гордост

Ангеловски: Евтино ја продадовме националната гордост

Поразот на македонската ракометна репрезентација од Исланд на Европското првенство во Данска, изгледа дека најмногу го погодија левиот бек Бранислав Ангеловски, кој по натпреварот изјави:

„Разочаран сум од овој меч, но и севкупно од шампионатот бидејќи иако пласманот е солиден, верувам дека имавме сили за многу повеќе. Евтино ја продаваме националната гордост и фантастично петто место од пред само две години. Непотребно летаа глави, се делеа пасоши и со самото тоа го нарушивме она што го имавме и што го градевме. Не бевме чисти пред Бога и затоа бевме казнети онаму каде најмногу не заболе, преку повредата на Наумче Мојсовски. На овој меч, погрешната измена на Прибак го сопре нашиот добар ритам и го сврте мечот“, изјави Ангеловски по поразот од Исланд.