Ангеловски казнет со 200.000 денари

Управниот одбор на Ракометната федерација наМакедонија (РФМ) донесе одлука да го казни репрезентативецот Бранислав Анеловски со парична казна од 200.000 денари, за непримерна изјава дадена на ЕП во Данска. Со неа, Ангеловски го нарушил угледот на РФМ и на репрезентацијата, а казната ќе треба да ја плати во рок од осум дена.

Ангеловски по натпреварот со Исланд на ЕП во Данска изјави:

„Премногу сум разочаран од исходот на овој меч, можевме и моравме подобро. Исклучувањето на Прибак поради погрешна замена мислам дека ја сврте средбата, ни го запре добриот ритам. Ефтино ја продаваме националната гордост, тоа петто место освоено пред две години. Прелесно ги даваме местата во репрезентацијата. Ова го мислам и за Вугринец и за Прибак, кои однапред ги имаа обезбедено местата во репрезентацијата, а играчите како Пецаковски и Митков беа на работ на отстранување уште од подготовките во Пореч и  Бог  не казни за сите овие постапки со повредата на Мојсовски. Криво ми е што лесно го продадовме петтото место од претходното Европско Првенство“, изајви Ангеловски.

Ангеловски по изјавата беше отстранет од репрезентацијата, а селекторот Ивица Обрван, истакна дека нема да го повикува во националниот тим, се додека тој ја врши селекторската функција.