Ангеловски ќе добие селекторски мандат во траење од два квалификациски циклуси

Ангеловски ќе добие мандат во траење од два квалификациски циклуси

Тој сигурно ќе го води националниот тим во претстојниот квалификациски циклус за СП 2018, но многу веројатно ќе добие договор за повеќегодишна соработка, затоа што фокусот за остварување на подобри резултати, со оглед на фактичката состојба, треба да биде на наредниот квалификациски циклус за ЕП 2020 година.

Федерацијата веќе прави стратегија за една подолгорочна соработка со новиот селектор. Размислуваме дека ќе биде добро тој да добие можност да го води националниот тим во наредните два квалификациски циклуси и сигурно дека во следниот период ќе биде склучен договор со Игор Ангеловски.Размислуваме позитивно за иднината на македонскиот фудбал и гледајќи дека сегашната млада репрезентација за играчи до 21 година бележи успешни резултати во овој циклус и голем дел од фудбалерите поседуваат несомнен квалитет и потенцијал. Сметаме дека во циклусот квалификации за ЕП 2020 најголем дел од тие играчи ќе бидат во најдобри фудбалски години кога би можеле да сметаме и на многу подобри резултати во А репрезентацијата. Токму од тие причини и сакаме селекторот да добие можност за повеќегодишна соработка, за да можеме оваа наша стратегија и да ја реализираме, изјави Ќириќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.