Ангеловски не го менува тимот што победува

Фудбалската репрезентација на Македонија овој месец треба да одигра две контролни средби, со Финска и со Азербејџан на 23 и на 27 март, во Анталија, Турција. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за двата теста во Анталија и порача „Тоа што е добро не се менува“. Селекторот ги повика сите оние кои беа стандардни во 2017 година, а единствената иземена е враќањето на Дејан Илев, младиот голман на Арсенал,на местото на повредениот Дејан Митов Нилсен.

„Пред нас е една исклучителна година и настапот во Лигата на нации. Не планирам драстични промени, нема да експериментирам. Минатата година беше добра и задоволен сум од учиникот на сите репрезентативци. Тоа што е добро не се менува. Исто така, сакам дополнително да се воиграме за да можеме да го освоиме првото место во Лигата на нации”. Ги следам сите фудбалери, и стојам зад изборот кој го направив. Овие фудбалери кои се повикани се подобри од другите – вели Игор Ангеловски..

Составот на Македонија за контролните средби во Анталија:

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев

Одбрана: Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Висар Муслиу

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езгјан Алиоски, Марјан Радески, Ферхан Хасани

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски