Ангеловски повикан во ракометната репрезентација

Селекторот на македонската ракометан репрезентација Ивица Обрван, по повредата на Филип Лазаров во репрезентацијата го повика ракометарот на Констанца, Бранислав Ангеловски.

Ангеловски играше во одлична форма во тимот на Констанца, а во репрезентацијата, освен на левата бековска позиција може да помогне и на позицијата среден бек. Токму плејмејкерската позиција е голем проблем за Обрван, кој нема са може да смета на првиот избор Наумче Мојсоски, кој заработи повреда на коленото и ќе го пропушти првенството.