среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 23

Ангеловски: Самоповиканите дипломати дувнаа ветар во едрата на Заев

zaev-uslovi

Поврзани вести

На тема „Странците во разрешница на кризата“ во отвореното студио на ТВ Нова, Страшо Ангеловски го обвини меѓународниот фактор за политичката криза во земјава.

-Ако некој треба да е загрижен за ситуацијата во земјава тоа е советот за безбедност на ОН. Тие треба да се позагрижени отколку некој дипломат од Белгија. Зошто овие самоповикани дипломати доаѓаат? Затоа што тие го предизвикаа проблемот. Тие дувнаа ветар во едрата на З.Заев. Ние никогаш не сме се разбирале со омраза, сме биле власт и опозиција. Тие кои ја вметнаа омразата можат да го решат проблемот за 24 часа. Ако сакаа решение, најдобро ќе беше вчера да да донесеат решение и да ги седнат на маса Груевски и Ахмети, вели Ангеловски.

Најчитани вести