Англија ги игра последните 90 минути во Бразил

Репрезентативците на Англија денеска ги играат последните 90 минути на Мундијалот во Бразил, но избраниците на Рои Хоџсон ветија дека ќе дадат се од себе и ќе се обидат да забележат триумф во дуелот против најпријатното изненадување на фудбалскиот турнир, селекцијата на Костарика.

Дуелот во Бело Хоризонте ќе нема никаков натпреварувачки каратктер затоа што „Гордиот Албион” тука ја завршува мундијалската авантура, а репрезентативците на Костарика пред неколку дена го осигураа пласманот во 1/8 финаланата рунда.

„Дојдов до заклучок дека во Бразил победија неколку репрезентации кои не играат ченсо, кои играат прљаво. Мислам дека и Англија мора да наметне таков стил на игра. Можеби бевме премногу искрени, покажавме преголем респект кон противникот. Репрезентативците на Уругвај ги искористија сите можни средства кои ги имаа на располагање. Ја сецкаа играта со ситни прекршоци, постојано се жалеа на некакви повреди. Мора да ја научиме оваа лекција. Многу сум тажен, но дуелот против Костарика е шанса да го најавиме нашиот кам-бек на светската сцена”, изјави репрезентативецот на Англија, Вејн Руни.