Англија ја победи Нигерија, Белгија и Португалија мирољубиво

Во последните проверки на селекциите за Светското фудбалско првенство кое за речиси една седмица започнува во Русија, селекцијата на Англија минимално со 2:1 во саботата вечерта ја совлада Нигерија, додека репрезентациите на Белгија и Португалија одиграа без голови.

Во подготвителниот натпревар одигран на лондонски „Вембли“, Англичаните победија со головите на Гери Кејхил во 7 и Хари Кејн во 39 минута. Почесниот погодок за Нигерија го постигна напаѓачот на Арсенал, Алекс Аујоби во 47 минута. Селекцијата на најбројната африканска земја се покажа како рамноправен противник, но не можеше да го избегне поразот.

Следната проверка за двете селекции е на 7-ми јуни, Англија игра против Костарика во Лидс, додека Нигерија ќе се сретне со Чешка.

Во Брисел европските шампиони Португалците настапија без својата најголема ѕвезда, напаѓачот на мадридски Реал, Кристијано Роналдо.

Португалија на мундијалот е во Групата Б со Шпанија, Мароко и Иран, додека Белгијците се во Групата Г, со Англија, Тунис и Панама.

Шведска и Данска во скандинавското одмерување, исто така, одиграа израмнет натпревар кој заврши без голови.

Република Ирска ги совлада САД со 2:1. Американците поведоа преку Вуд во судиското продолжение од првото полувреме, но Ирците со коловите на Барки во 57 и Џаџ во 90 минута направија целосен пресврт.

На три вечерашни средби гостинските селекции успеаја да постигнат полн погодок.

Норвешка со пресврт со 3:2 беше подобра како гостин со головите на Јохнсен во 15, Кинг во 80 и Серлот во 85 минута, додека стрелци за Исланд беа Финбогасон во 30 минута од пенал а преку Сигурдсон во 70 минута го презема водството.

Со идентични резултати од 2:0 гостински победи остварија Словенија кај Црна Гора, и Кина во проверката со Тајланд.