Англија се прости со скромно реми

Без победник и без погодоци заврши вториот натпревар од последното коло во групата “Д”, дуелот помеѓу репрезентациите на Англија и Костарика.

Избраниците на Рои Хоџсон најпосле го освоија првиот бод на мундијалот во Бразил, додека репрезентативците на Костарика ја осигураа првата позиција на табелата и за противник во 1/8 финалната рунда го добија секогаш незгодниот тим на Ггрција.
“И на овој натпревар покажавме дека Англија има добар тим, дека ќе има светла иднина. Малку сум разочаран, сакав со победа да го завршиме овој фудбалски турнир, сакав со победа да се простиме од Бразил. Задоволен сум од играта на моите фудбалери, дадоа се од себе, немам никаква замерка. Доминиравме во поголемиот дел од натпреварот, а противникот одигра подобро само на стартот од натпреварот. За жал, не ги искористивме шансите кои ги имавме пред противничкиот гол. Можевме да забележиме сигурна, убедлива победа”, изјави селекторот на Англија, Рои Хоџсон.