Анѓушев и Заев брзаат да го зголемат личното богатство

Додека Владата молчи, објавени документи и информации од свиркачи укажуваат дека фирмата во којашто управите е братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев  ќе оствари профит од неколку стотици илјади евра секоја година и според сознанијата, треба да се инвестира во ХЕЦ Тополка околу два милиона евра.

Владата на СДСМ спротивно на законот во изборен период извршила пренамена на земјиште со цел да им овозможат на фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев да градат.

„Ова е нова скандалозна зделка за нови милиони на Анѓушеви. Ова е нов случај на богатење на грбот на граѓаните“, обвинија во неделата од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно во јавноста излегоа информации дека Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви да градат хидроцентрали.

Владата на седница на 29-ти август донела  одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште на локација Велес, поточно катастарска општина Чашка.  Со ова, земјиштето кое е во сопственост на Анѓушеви од земјоделско станало градежно и на тој начин вредноста му е зголемена за најмалку десет пати. Едноставно, колегите на Анѓушев во Владата го почестиле со зголемување на неговиот имот за десет пат и тоа и само со една одлука и само со еден потпис.

Додека Владата молчи, кружат информации дека фирмата во којашто управите е братот на вицепремиерот Анѓушев, ќе има профит од неколку стотици илјади евра секоја година. Според сознанијата, треба да се инвестира во ХЕЦ Тополка околу два милиона евра. На оваа локација му се овозможува на Анѓушев, поточно на фирмите „Energy delivery solutions“ и „Hidro holding“ односно „Мали Хидроелектрани Тополка“ ДОО да градат хидро електрична централа со придружни објекти. Овие фирми се управувани од братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев.

„Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење. Прво, Владата го чести својот министер со зголемување на вредноста на имотот за најмалку десет пати. Второ, се овозможува неговиот брат на досега земјоделско земјиште да гради хидро електрична централа и на тој начин да го зголемува својот бизнис и своето богатство. Ова неодоливо потсетува на струмичката шема која ја воведе Заев кога овозможуваше бизниси на семејните фирми. Трето, целата одлука на владата е крајно сомнителна и нелегална бидејќи оваа одлука за покачување на вредноста на земјиштето е направена 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки“, изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев му дава поддршка на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капиталот на својата компанија „Фероинвест“ да го зголеми од 23 на 30 милиони евра.

„Не можеме да очекуваме дека деловните луѓе предложени од Коморите, како што е господинот Анѓушев, дека ќе ги пушти да пропаднат компаниите. Да, може тој е сопственик, но тоа е македонска компанија, која што дава плата овде и праќа даноци. Нивните амбиции колку што знам јас, како што ја видов таа компанија, од 23 милиони евра се во во наредниот период да стигнат до 30 милиони евра“, изјави Заев.