Анѓушев: За два месеца осум нови инвестици во ТИРЗ

Во последните два месецa по претставувањето на програмата на владата за економски раст има нови осум инвестиции во ТИРЗ во вкупна вредност од 73,5 милиони евра што ќе отворат 1.570 нови работни места, информираше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот осочи дека инфраструктурата во речиси сите технолошко-индустриски развојни зони не е дозавршена. До крајот на март се очекува да се донесе законот за финансиска помош на инвеститорите со кои се изедначуваат домашните и странските инвеститори.

„За два месеца со нула потрошени пари имаме осум нови инвестиции со над 75 милиони евра и повеќе од 1.500 вработени, а за седум години со потрошени 225 милиони евра имаше само 23 инвестиции. Уште не сме ја почнале Програмата, а веќе се потпишани нови осум договори, а во скоро време ќе има уште 30 нови договори за странски инвестиции“, рече Анѓушев на прес-конференцијата во Владата и најави дека има заинтересираност и кај домашните компании за инвестирање.

Како што рече, шест од странските компании кои се веќе присутни во земјава најавиле удвојување на своите капацитети по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

Според симулацијата, како што кажа, што претходното ја направиле, само три од постојните 23 компании во ТИРЗ-овите нема да добијат повеќе средства со Програмата за економски раст, а тоа се компании на кои им било дозволено да не плаќаат социјално и здравствено осигурување за вработените. Кај сите останати компании државната помош ќе биде поголема од претходно.