Аничебе ја казни дефанзивната игра на Челзи

Само еден бод на незгодното гостување во Бирмингем освои новиот лидер во англиската Премиер лига, тимот на Челзи.

Лондонските „сини” дојдоа во водство во самиот финиш од првото полувреме со погодокот на српскиот интернационалец, Бранислав Ивановиќ, а ВБА израмни во 85 минута од натпреварот, а израмнувачкиот погодок беше дело на репрезентативецот на Нигерија, Виктор Аничебе.

„ВБА даде се од себе во последните 15 минути од натпреварот. Се бореа за тој погодок, се бореа за тој бод и можам да кажам дека заслужено е освоен. Му дозволивме на противникот да има целосна доминација во финишот од натпреварот, а ние моравме да постигнеме уште еден погодок на стартот од второто полувреме, моравме да го затвориме натпреварот. Единствената ппзитивна вест е дека сега имаме еден бод повеќе на нашето конто”, изјави менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.

Без погодоци заврши дуелот помеѓу екипите на Кардиф и Астон Вила, а минимална победа на гостувањето во Хал забележа тимот на Саутемптон.

Со двата погодока во самиот финиш од натпреварот, фудбалерите на Вест Хем ја искористија предноста на домашниот терен во првенствениот дуел против екипата на Норвич.