„Анима мунди“: Зошто Зоолошка до сега молчеше за смртта на Дино?

154

Од здружението за животни „Анима мунди“ прашуваат зошто Зоо Скопје молчела за повредата и смртта на мајмунот Дино?

Во време кога ветеринаринари во Македонија и во светот оперираат најкомплексни повреди на рбетниот столб, во Зоо Скопје умира мајмунче од повреда на нога?!

 Укажуваме на неопхода јасно да се утврди причината за неговата смрт, затоа што нашите податоци говорат дека е умрел после измачување во период од недела дена (отворена рана и скршена нога) која била предизвикана од негрижа на вработен, а која никако немала да биде фатална доколку на мајмунчето му се укажала навремена ветеринарна помош. 

Бараме во јавноста да се кажат податоци за тоа кој се грижел за Дино, кој му укажувал ветеринарна помош, кога и на кој начин, стои во нивното соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.