Магазин

„Анимакс Скопје фест“ во Кинотека на Македонија

„Анимакс Скопје фест“ во Кинотека на Македонија
Четвртиот Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ ќе се одржи од 4. до 6. декември во Кинотека на Македонија.
Во трите фестивалски денови ќе бидат прикажани 52 филмови и тоа 44 за возрасни и осум анимации за деца. Поголем дел од нив се носители на престижни награди и победници на филмски фестивали од А категорија. И годинава ќе бидат доделени награди за кои ќе одлучува интернационално жири.
Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“. Пријавени се рекордни 326 анимации од 52 земји во светот.
Наградите ќе бидат доделени на затворањето на фестивалот во сабота, 6 декември.
Новина на овогодишното издание на фестивалот е соработката со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА кој што ќе додели две стипендии од по 3.000 евра.
По завршување на фестивалот ќе биде објавен отворен повик за македонските аниматори за едноминутна анимација, во соработка со ЕСРА, а деталите ќе бидат објавени дополнително. Најдобрата анимација ќе биде наградена со стипендија во вредност од 3.000 евра.
Во сабота, на 6-ти декември, гостинот од Русија, Андреј Рубетској, режисер на познатиот цртан филм „Белка и Стрелка“, (Space Dog Family) ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 13 години, под наслов „Трикови на анимирање“, во 13 часот во Кинотека на Македонија.
Официјалната програма во трите фестивалски денови ќе почнува во 20 часот, а билетите ќе чинат 50 денари и ќе може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија.