Aнистон: Сопругот секое утро ми носи појадок во кревет

Џенифер Анистон (47) изјави дека ужива со својот сопругот Џастин Теро (44). Таа го фали дека се обидува најубаво да го започне денот.

– Секое утро ми прави јајца на око и тост и појадокот ми го носи во кревет, рече Џенифер која е во брак со актерот Џастин помалку од една година.

Освен што секогаш прави да и биде пријатно дома, Џастин на сопругата и дозволи да му дава совети. Затоа во последно време носи се помалку црни костуми, затоа што акерката сака да ги види боите на него.