Анита Бежоска официјално ја презеде функцијата од Богов

Новата гувернерка Aнита Ангеловска Бежоска денеска ја презеде функцијата од досегашниот гувернер на Народната банка Димитар Богов.

По истекот на мандатот на Богов, Собранието вчера со 81 глас „за“ ја избра Ангеловска Бежоска за нов гувернер. Таа е првата жена гувернер на НБРМ, а досега беше вицегувернерка во НБРМ.

Од 2004 до 2010 Ангеловска Бежоска била главен економист во Народна банка. Била ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон и учествувала во повеќе преговарачки мисии на ММФ за склучување аранжмани меѓу Фондот и земји членки.