Ања Алтхаус две години во ЖРК Вардар СЦБТ

Германската репрезентативка Ања Алтхаус, која настапува за бундеслигашот Турингер, од наредната сезона ќе игра во ЖРК Вардар СЦБТ. Пикерот на германската репрезентација го стави својот потпис на договорот на две сезони и во дресот на македонскиот шампион ќе биде до 2016, со можност за продолжување на договорот за уште една година.

Искусната Германка за која ова е втора сезона во дресот на Турингер, во кариерата има настапувано и за екипите на Виборг, Трир и Нидерндоделебен. Најголемиот успех на клупско ниво го постигна во 2009-та година, кога со данскиот тим Виборг ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во Бундеслигата триумфираше двапати, и тоа со екипата на Трир во 2003-та година, како и со Турингер минатата сезона, кога го освои трофејот и во Купот на Германија. Трикратен едноподруго освојувач е и на шампионатот на Данска со екипата на Виборг, и тоа во 2008, 2009 и 2010.

Со селекцијата на Германија, на светскиот шампионат 2007-та во Франција го освои бронзениот медал.

Алтхаус е третото засилување на “црвено-црните” за претстојната сезона, откако претходно беа ангажирани Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ, кои моментално настапуваат за Крим Меркатор