Анкара: Две лица загинаа откако се сруши воен хеликоптер

Двајца воени пилоти денеска загинаа при пад на хеликоптер во источниот дел на турската престолнина, пренесе „РИА Новости“.

Според првичните информации, хеликоптерот при слетувањето ги закачил електричните кабли и се срушил на земјата.

Екиоажот на воениот хеликоптер бил на обука, двајцата пилоти загинале на самото место, а останатите три членови на екипажот преживеале и префрлени во болница.

Се’ уште се истражуваат причините за несреќата.