Анкара ги отфрли „уроците“ од Париз

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу остро одговори во четвртокот на предупредувањето што го упати францускиот претседател Емануел Mакрон во врска со турската офанзива во Сирија, возвраќајќи му дека Франција „не теба да ја подучува“ Турција.

„Ниту Франција, ниту која и да е друга земја не може да ѝ даваaт лекции на Турција. Многу добро знаат што е цел на операцијата“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање во Анкара.

Турција на 20-ти јануари започна операција „Маслиново гранче“ во регионот на градот Африн, во северозападна Сирија, за да ги потисне од таму припадниците на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), коишто Анкара ги смета за терористичка групација и фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), но се соузници на САД.

И покрај повиците на воздржаност од западните сојузници, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потврди во вторникот дека офанзивата нема да запре „пред да бидат отстранети терористичките закани“ на турската граница, алудурајќи ја YPG којашто го искористи долгиот сириски конлфикт да воспостави контрола над голем дел од речси 900 километри долгата сириско-турска граница.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди Турција за евентуална намера за „инвазија“ врз дел од територијата на Сирија.

„Доколку се покаже дека операцијата се движи во друга насока од акција за борба против потенцијалните терористи кои ѝ се закануваат на турската гранција и дека таа операција претставува инвазија, во тој момнети таа операција ќе ни претставува реален проблем“, предупреди Макрон, цитиран во написот на онлајн изданието на дневниот весник Le Figaro во средата.