Анкара го отповика амбасадорот од Германија по Резолуцијата за Ерменците

Турскиот премиер информира дека Анкара го отповикала амбасадорот во Германија откако во германскиот Бундестаг беше изгласана симболична резолуција со која што масакрот на Ерменците од 1915-тата година од Отоманите беше прогласен за геноцид.

Се очекува дека амбасадорот Хусеин Авни Карслиоглу ќе се врати во Турција денес попладне, според весникот Зидојче Цајтунг.

Инаку Турција реагираше бурно пред и по усвојувањето на Резолуцијата за Геноцидот врз Ерменците, повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.