четврток, 16 февруари 2017  |  Вести денес: 25

Анкара и Москва веруваат дека зад убиството на рускиот амбасадор стои Ѓулен

Анкара, која го обвинува Ѓулен дека стои и зад неуспешниот обид за преврат во Турција од јули годинава, бара негова екстрадија од САД, на што Вашингтон одговори дека ќе го екстрадира проповедникот доколку добие недвосмислени докази за негова вмешаност во пучот.

132957965

Последни вести

Турција и Русија веруваат дека зад вчерашното убиство на рускиот амбасадор во Анкара, стои исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Ова, како што соопшти Министерството на мадворешни работи на Турција, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу му го пренел на американскиот државен секретар Џон Кери во нивниот денешен телефонски разговор.

Анкара, која го обвинува Ѓулен дека стои и зад неуспешниот обид за преврат во Турција од јули годинава, бара негова екстрадија од САД, на што Вашингтон одговори дека ќе го екстрадира проповедникот доколку добие недвосмислени докази за негова вмешаност во пучот.

Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов беше убиен вчера во Анкара од страна на турски полицаец додека говореше на отворањето на фотоизложбата „Русија во очите на Турците“.

Најчитани вести