понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Анкара со нова листа на 20.000 приврзаници на Ѓулен

Турските специјални служби подготвија нова листа, која вклучува 20 илјади осомничени членови на групацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кои за меѓусебна комуникација ја користеле мобилната апликација „БајЛок“, пишува денеска весникот „Милиет“.

133351085

Поврзани вести

Турските власти сметаат дека групацијата на Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за воен урад во Турција на 15 јули.

Според „Милиет“, на листата се вклучени службеници од сите државни институции во Турција.

Весникот „Хуриет“ пишува дека на листата, заедно со познати политичари и службеници фигурираат и 479 судии и обвинители.

Неодамна турската национална разузнавачка служба МИТ изработи листа со имиња на 53 илјади поддржувачи на Ѓулен, кои исто така меѓусебно комуницирале со кодовои преку апликацијата Бајлок.

Најчитани вести