Анкара од Берлин ќе бара екстрадиција на „вториот човек“ на неуспешниот пуч

Адил Оксуз

Турските власти сметаат дека „вториот човек“ на минатогодишниот неуспешен обид за воен преврат се наоѓа во Германија и во вторникот подготвиле барање за негово предавање коешто ќе му го предадат на Берлин, извести новинската агенција Anadolu.

Барањето за предавање се однесува на Адил Оксуз кого Анкара го смета за оперативен водач на пучистите. Тој беше уапсен во Турција неколку часа по неуспешниот пуч од ноќта на 15-ти јули 2016 година, а потоа е пуштен во нејасни околности, по што му се губи трагата.

Во август годинава турски медиуми пренесуваа непотврдени информации дека Оксуз можеби се наоѓа во Германија, па Анкара му испрати на Берлин дипломатска нота во која побара од германските власти да ја проверат таа информација.

Престојот на Оксуз во Германија не е официјално потврдени од официјални извори нити во Германија, ниту во Турција.

Турција смета дека Оскуз бил задолжен од Турција да ги координира врските меѓу исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен и припадниците на војската кои биле во заговор за уривање на владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Турција има многи заострени односи со Германија покрај дургото и поради обвинуваета дека им дала засолниште на припадници на терористичките организации, особено на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) и на мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД и кого го обвинува за неуспешниот воен преврат од 15-ти јули 2016 година и за создавање паралелна структура.