Анкара вели дека турските војски во Африн ја штитат целоста на Сирија

Турските вооружени сули во северната сириска покраина Африн ја штитат територијалната целокупност на Сирија, за разлика од силите на Курдите Единиците за заштита на народот (YPG) коишто се присутни во ова подрачје, изјави во четвртокот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Иако во светлината на операцијата ’Маслиново гранче’ никој не е загрижен за територијалната целокупност на Сирија, ние секогаш кажувавме дека ја поддржуваме и ја штитиме. Доколку некој ја загрозува, тогаш секако тоа се терористите на YPG. Ниен нема да им дадеме шанса на оние коишто ќе дојдат да ги поддржат, сите тие ќе бидат наша цела. За нас не е ваќно која земја или сила ќе застане на страна на терористите, сите тие се исти за нас“, изјави Чавушоглу за новинарите во Анкара.

Турција од 20-ти јануар ја започна операцијата против формациите на суриските Курди коишто се сојузници на САД а коишто ги смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК). Целта на операцијата „Маслиново гранче“ е да се потиснат борците на сириско-курдската коалиција во која ударна сила сединиците на YPG од покраината Африн и по дожината на турско-сириската граница, а притоа во неа учествуваат и сириските сојузници на Анкара, опозициската Слободна сириска армија (FSA).

Дамаск остро го осуди турскиот воен ангажман во Африн, истакнувајќи дека станува збор за територија којашто е составен дел од Сирија, а изминатите денови имаше информации дека локалните провладини милиции ќе влезат во градот Африн за да ги заштитат Курдите од турските напади.