Анкета: Ципрас меѓу најнепопуларните партиски лидери

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е меѓу најнепопуларните партиски лидери во Грција, покажуваат резултатите од анкетата, спроведена од „Паблик ишју“.

Според истражувањето 87 отсто од анкетираните се противат на намалувањето на примањата и економските реформи, кои ги бараат кредиторите од Грција во согласност со условите од последниот пакет помош, кој Ципрас го потпиша минатата година.

Некогаш мошне популарниот Ципрас во анкетата се пласираше на шестото место на најпопуларни партиски лидери, чии партии се застапени во грчкиот Парламент, од вкупно осум претседатели на партии на листата.

Ципрас доби 24 отсто од позитивните мислења, далеку зад конзервативниот опозициски лидер Кирјакос Мицотакис, кој добил поддршка од 45 отсто од анкетираните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.