Анкета: Граѓаните кажаа НЕ за насилното однесување со кое се уништуваат историските обележја

Граѓаните им кажаа НЕ на вандализмот и насилното однесување со кое се уништуваат спомениците и историските обележја на Македонија.

Наместо насилство, вандализам и крвопролевање, сакаат мир, просперитет и подобра иднина.

Спомен обележјата на Карпош, Крали Марко, Мајка Тереза, Првото Заседание на АСНОМ и борците од НОБ, Спомен плоча на Илинденската епопеја, како и Егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, се само дел од спомен обележјата поставени на Порта Македонија, која хулиганите вчера по втор пат ја демолираа, пишува Курир.

Покрај спомениците посветени на македонската историја, насилниците напаѓаа и граѓани.

Курир спроведе анкета во која граѓаните беа запрашани дали поддржуваат вандализам и насилно сценарио со кое се уништуваат спомениците и историските обележја на Македонија. Еве ги нивните одговори:

-Во никој случај не поддржуваме. Може треба да се протестрира на културен начин и во Парламент. Најостро осудувам, тоа не чини, тоа е срамота. Кога ќе се освестиме? Сите отидоа напред, ние кај ќе одиме, назад? Ова е срамота и треба да се срамат тие што го прават ова. Оваа убавина на Порта Македонија да се уништи, срамота. Зашто неговата куќа не ја уништи тој што го уништува ова. Ај неговата да ја уништиме, оградата да му ја скршиме или кола да му удриш. Ова е само платено од страна, се извинуван, но тоа е реалноста, ова е платено за да се уништи Македонија. Ќе кажам отворено пред сите, сите овие што се од СОРОС и тие невладини организации да се затворат.

-На што личи ова? Тоа е наше, тоа што некој го прави, не го руши, не го упропастувај.

-Не, не подржуваме вандализам и насилно однесување. Не е во ред спомениците да се оштетуваат.

-Архитектурата не е начин каде што може да се протестира. Политиката е едно, архитектурата друго. Ако почнеме сите што не се сложуваме со нечија политика да рушиме се, тогаш нема да постои култура и архитектура во ниту еден град во Европа. Ова е нешто незамисливо, ова јас не можам да го сфатам. Против архитектура и култура да се оди, ве молам, имате Пралмент, имате начин како да се изразите, не вака. Ова е толку примитивно и ме револтира како граѓанин.

-Со насилство никогаш не може ништо да се реши. Може да се реши само со мирни протести.

-Невозможно е некој да крши, а некој друг да плаќа. Како би му било нему да му ги искрши некој прозорите или вратата, или станот да му го излупа како сега што лупаат? Тоа е недозволиво и криво ми е за младината што не е свесна за тоа што го прави.