среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Анкета: Клинтон води со пет проценти пред Трамп

Во претходната анкета, чии резултатите беа објавени во петокот, Клинтон имаше поддршка од 47 отсто, а Трамп од 44 проценти.

tramp-klinton

Поврзани вести

Кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон има предност од пет отсто пред кандидатот на републиуканците Доналд Трамп, според најновата анкета на „Вашингтон пост“ и Еј-Би-Си, објавена рано изутринава.

Според анкетата Клинтон освоила поддршка од 48 отсто, додека Трамп го поддржале 43 проценти од анкетираните.

Во претходната анкета, чии резултатите беа објавени во петокот, Клинтон имаше поддршка од 47 отсто, а Трамп од 44 проценти.

Најновата анкета покажа дека поддржувачите на Клинтон се раководат пред се од позитивните оценки за неа, додека мнозинството поддржувачи на Трамп се раководат „пред се од негативната оценка на Клинтон“.

Најчитани вести