Анкета: Младите ги поздравуваат новите проекти

Младите со позитивни реакции за новиот пакет мерки кој вчера беше промовиран од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Досега сме задоволни од тоа што е направено, особено за јавниот градски сообраќај од први јануари. Слушнав и дека ќе има секоја прва и трета недела во месецот бесплатна железница за студентите.

Мислам дека новите мерки се супер и ги задоволуваат потребите на секој студент, на секој млад човек во Македонија. Ми се допаѓа најмногу во делот на културата бидејќи мислам дека секој треба да си дозволи да отиде на театар, да се чувствува убаво.

Задоволни сме со тоа што ни е овозможен бесплатен превоз низ Скопје преку јавниот градски сообраќај, велат младите.

Првиот проект кој вчера го најави Груевски е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот, мерка која ќе стартува во март 2016 година.

Со овој проект ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите, пишува Курир.

Втората мерка е бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот. Предвидено е во петте државни студентски домови да бидат изградени перални и сушални за зголемување на студентскиот стандард.

Од октомври оваа година ќе започнеи  изградба на фитнес зони во 18 градови низ  Македонија. Овој проект ќе биде реализиран преку Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи.

За младите лица Груевски вчера најави уште еден проекти, нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.