Анкета на „Димитрија Чуповски“: Речиси двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

На предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат в недела, за ВМРО – ДПМНЕ би гласале 28,1 отсто, а за СДСМ 15 отсто од испитаниците според телефонската анкета спроведена  од Институтот Димитрија Чуповски, во периодот меѓу 1 и 3 декември.

Во анкетата спроведена на 1150 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии во Република Македонија опфатени се сите изборни единици, но и други релевантни демографски детерминанти.

Резултатите од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти, се вели во известувњето на Институтот Димитрија Чуповски.

 

anketa1