Анкета на ИПИС: Важно е веднаш да се реши спорот со името

Анкета на ИПИС: Важно е веднаш да се реши спорот со името
Анкета на ИПИС: Важно е веднаш да се реши спорот со името

Само 25 отсто од Македонците имаат позитивно мислење за Грците. 80 проценти сметаат дека политичките односи меѓу двете земји се лоши, а повеќе од половина од граѓаните сметаат дека владата треба да преземе некаква иницијатива за решавање на спорот со името и дека е многу важно што поскоро да се реши ова прашање.

Ова се резултатите од анкетата за перцепциите на македонските граѓани во спорот со името, односите со соседите и интеграцијата во ЕУ и НАТО, што ја спроведе Институтот за политички истражувања во март годинава.

Анализите покажале и дека 65 отсто од македонскиот народ не би прифатил промена на уставното име за меѓународна употреба со цел влез во ЕУ и НАТО. Според анкетата, 66 проценти одговориле дека се за влез на земјава во ЕУ, а 70 отсто за влез во НАТО. Ова е прво компаративно истражување. Целта е да се подобрат перцепциите кај народот и во двете земји. За две недели треба да бидат објавени и резултатите од анкетата спроведена во Грција.

Граѓаните на Македонија најпозитивно мислење имаат за државите Германија, Турција и Србија.

За тоа дека Владата (на Македонија) треба да покрене некоја инцијатива за подобрување на односите со Грција, се изјасниле 58,8% од испитаниците.

Најголем дел од испитаниците (53,5%) сметаат дека е многу важно веднаш да се реши спорот со името.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.