Анкета на ИРИ: Расте рејтингот на Груевски

Анкета на ИРИ: Расте рејтингот на Груевски
Анкета на ИРИ: Расте рејтингот на Груевски

Расте довербата кај граѓаните во премиерот Никола Груевски, покажала најновата анкета на ИРИ спроведена од Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

Според последното истражување, 35 отсто од граѓаните веруваат дека премиерот Никола Груевски треба да биде реизбран.

Во споредба со анкетата од јуни, годинава, кога 32 отсто од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат за три отсто повеќе граѓани, односно 35 отсто.

Од друга старана, за 3 отсто е намален бројот на оние кои сметаат дека тој не треба да добие нов премиерски мандат.

Оваа анкета најавува и потврдување на убедливата разлика во рејтинзите и поддршката меѓу граѓаните што беше измерена при последната анкета на ИРИ во јуни кога ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство од 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваа само 11 отсто од анкетираните. Тогаш меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски беше со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Во најновата анкета на ИРИ се покажува и…