Анкета на Павел Шатев: Граѓаните против сквернавењето споменици

Институтот Павел Шатев во периодот помеѓу 6. и 8. мај спроведе телефонска анкета во која беа вклучени 1. 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

-Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето, се вели во соопштението од Институтот.

1. Според вас дали целта на опозицијата е да се избори за слобода и демократија или ова претставува класична политичка битка за приграбување на власта?
  Процент
Целта е борба за слобода и демократија 23.8
Целта е гола борба за власт  64
2. Со кое мислење повеќе се согласувате:
  Процент
Бомбите со боја со која се фарбаат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција 22.3
Заради политички протести не може да се оправдува уништување и сквернавање на споменици 67.1