Анкета на Пaвел Шатев: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ

Речиси за два пати поголема доверба имаат граѓаните во лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски отколку во лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според анкетата на институтот Павел Шатев рејтингот на лидерот на социјалдемократите Заев бележи пад од 0, 6 отсто, додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30, 8 отсто.

Според истата анкета, владејачката ВМРО-ДПМНЕ бележи речиси два и пол пати поголема предност пред опозициската СДСМ.

Како што информираат од Институтот, во периодот помеѓу 06 и 08 мај 2016 година била спроведена телефонска анкета на 1.070 испитаници со цел да се утврдат перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Со оглед дека целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето.

pavel-s-1

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот 20-22 април, резултатите покажуваат намалување на рејтингот на Заев за 0,6%, и истиот тогаш изнесувал 12%, додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30.8%

p-satev-krg

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49.5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и истиот тогаш изнесувал 20.9%.

pavel-s-3

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, негативното мислење спрема Зоран Заев се зголемило за 11.3% во овој кус период, и претходно изнесувало 46.8%.

pavel-s-finalna

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Никола Груевски се зголемило за 2.8% од претходниот процент од 50.9.

pavel-s-5

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Иванов се зголемило за 1.7%, а претходно изнесувало 52.6%, додека тогаш негативното мислење изнесувало 27%.

pavel-s-6

Од Институтот напоменуваат дека сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %.