Анкета на Павел Шатев: ВМРО – ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ 25,9 отсто, СДСМ 15,7 отсто. Ова се резултатите од Анкетата на Институтот Павел Шатев на која граѓаните одговарале на прашањето за која партија би гласале на предвремените парламентарни избори? Следува ДУИ со 5,1 и ДПА со 2,7 отсто поддршка.

 

Во периодот меѓу 26 и 29 Септември Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1260 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија. Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, инфомираат од Институтот.

anketa-1

 

anketa-2

satev8

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.