сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 43

Анкета на Си-Ен-Ен: Мала предност на Трамп во однос на Клинтон

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, според повеќето анкети и понатаму е во водство, но истражувањето кое го спроведе „Си-Ен-Ен“ во соработка со Корпорацијата за испитување на јавното мислење „ОРЦ“ покажа дека нејзиниот рувал Доналд Трамп има блага предност.

tramp

Поврзани вести

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, според повеќето анкети и понатаму е во водство, но истражувањето кое го спроведе „Си-Ен-Ен“ во соработка со Корпорацијата за испитување на јавното мислење „ОРЦ“ покажа дека нејзиниот рувал Доналд Трамп има блага предност. 

На предизборниот собир во Вирџинија, републиканецот Трамп сподели со поддржувачите, за него, добри вести.

– „Си-Ен-Ен“ излезе со голема анкета која покажува дека Трамп победува. Тоа е добро психолоши, но јас тоа го знам бидејќи луѓето кои не ме бараа вчера, ме бараат денес. Така е тоа во животот, зарем не?, истакна Трамп.

Клинтон и понатаму води во повеќето национални анкети како и во повеќето пресудни, но се уште неопределени држави, во кои двете кампањи ќе се концентираат во последните два месеци пред изборите.

– Изборната трка е се понапната а причината е делумно во тоа што слабостите на Хилари Клинтон стигнаа во центарот на вниманието, оцени политикологот Стивен Вејн од Универзитетот во Џорџтаун.

– Голем број луѓе не сметаат дека е таа искрена, немаат доверба во неа. Таа делува како традиционален политичар во ера кога гласачите не се наклонети кон политичарите, истакна Вејн.

Меѓутоа, Трамп исто така, има висок рејтинг на непопуларност, истакнува статистичарот и главен уредник на „Галуп“ Френк Њупорт.

– Тоа е загрижувачки за двајцата кандидати. Мислам дека штабот на Хилари Клинтон многу размислува за тоа како да го промени нејзиниот имиџ. Но тоа е тешко. Во овој момент, таа претстава е премногу врежана меѓу гласачите, објасни Њупорт.

Клинтон се надева дека ќе може да ја поврати предноста која ја стекна непосредно по партиските конвенции, поради контроверзиите кои ги предизвика Трамп, вели аналитичарот Џереми Мајер.

– Можно е Доналд Трамп да победи во трката. За тоа беше потребно да се опорави од големиот дефицит на гласови, што успеа да го направи побрзо од кој било друг претседателски кандидат во модерната ера на истражувањето на јавното мислење. Никој не се опорави толку брзо и драматично како него, заклучи Мајер.

Трамп и Клитон веќе се подготвуваат за следниот голем настан во трката, првата претседателска дебата која е закажана за 26 септември.

Најчитани вести