„Република“ : Нерелевантната анкета на српската агенција, параван зад кој се крие очајот на СДСМ

заев

Агенцијата Фактор Плус Адрија од Србија вчера излезе со мерење на рејтинг во Македонија. Според резултатите на прашањето „За која политичка партија ќе гласате на предвремени парламентарни избори“, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека ќе гласаат 29,5 отсто од испитаниците, а за СДСМ 21,4 отсто. Резултатите на ваквата анкета покажуваат помала разлика во рејтинзите меѓу двете најголеми политички партии споредено со сите претходни релевантни анкети, почнувајќи од таа на реномираниот Интернационален Републикански институт од САД, преку анкетата на Брима Галуп па се до институтот ИПИС, пишува „Република“.

Дека анкетата која српската агенција ја има направено е платена и нерелевантна е повеќе од очигледно. Целта на ваквата анкета е да се покаже помала разлика. Како се блат изборите, тие намерно, сами ја намалуваат разликата. Всушност се работи за агенцијата која опозиционата СДСМ ја има ангажирано за одреден надомест да работи на изборната пропаганда на оваа партија. Српска агенција Фактор Плус Адрија е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев, пренесува Република.

Дека ова е проѕирен обид за замајување на јавноста покажува и фактот што не е возмозно било која странска агенција да има примерок на испитаници во Македонија. Тоа е основно правило во испитувањето на јавното мислење, поради што агенции како ИРИ користат домашни агенции кои вршат испитувања за нивните потреби.

Дополнително на ова, меилинг листата по која се испратени резултатите од истражувањето е идентична на онаа што СДСМ ја користи при испраќање на соопштенија, реакции и известувања. Ова отвора сомнение дека и резултатите од испитувањето на Фактор Плус Адрија е испратено од страна на СДСМ.

Се чини анкетата која вчера беше објавена е смешен обид на српските советници на Заев да го спасат од нискиот рејтинг што го има тој и неговата партија. Се работи за веќе видено сценарио. Очигледно на Заев не му пречи да му ги земаат парите.

Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.

Последната анкета која ја спрфоведе Брима Галуп, во соработка со Република, прогнозираше убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Огромни 70,2% од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните, наспроти 11,2% кои сметаат дека СДСМ има поддршка од граѓаните. Дури 55,9% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, наспроти 12,1% кои мислат дека победник ќе биде СДСМ. Никола Груевски и понатаму е политичарот со најголема доверба кај граѓаните со високи 32,3% пред Зоран Заев кој ја ужива довербата на 9,1% од испитаниците.

И дека и покрај тоа што бројките од резултатите презентирани од агенцијата од Србија покажуваат над 150 илјади гласови разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ, сите релевантни агенции показуваат дека разликата е уште поголема и дека е можно на овие избори разликата меѓу двете најглеми политички партии да биде уште поголема од претходно, а во полза на владејачката партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.