АНКЕТА: Над 80% од граѓаните се против двојазичност на цела територија на Македонија, голема поддршка за „3а заедничка Македонија“

Граѓаните се против воведување на двојазичност во целата држава. 81,8 проценти од анкетираните во рамки на анкетата спроведена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), одговорите дека лично не би прифатиле двојазичност на цела територија на Македонија.

ipis-anketa
Граѓаните не ја прифаќаат и платформата на етничките албански партии со цел нова влада на чело со Зоран Заев. Високи 72,5 проценти одговориле децидно „НЕ“ на ова прашање.

ipis-anketa2

Од испитаниците 54,1 проценти сметаат дека прифаќањето на платформата на Албанците и двојазичноста ќе биде вовед во бинационална држава, поголеми поделби и федерализација.

52,2 проценти од граѓаните кои биле дел од анкетата сметаат дека понудата на Груевски целосно да ја поддржи Владата на СДСМ доколку не ја прифатат платформата на Албанците е искрена понуда за спас на Македонија од федерализација и нови поделби.

ipis-anketa1

Протестите на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вкупно ги поддржуваат 51 процент од испитаните во кој влегуваат и етничките Македонци и етничките Албанци.

ipis-anketa3

Одвоени по етникуми, резултатите од анкетата покажуваат дека 60 проценти од етничките Македонци и даваат поддршка на граѓанската иницијатива, додека 58 проценти од Албанците не ја поддржуваат.

ipis-anketa4

ipis-anketa5

Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во анкетата се отвора и прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба во моментов“, а одговорите може да ги прочитате ОВДЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.