Анкета од МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со стабилна предност пред СДСМ

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред својот најголем опонент владејачката СДСМ, покажува најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На крајот на месец јули година МЦМС, на политичкиот аналитичар Сашо Клековки, којшто прави анкети на редовна основа за потребите на Телма Телевизија, спроведе теренска анкета на 1.000 испитаници со која беше мерено расположението на граѓаните во однос на рејтингот на политичките партии.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27,1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто. ДУИ има најголем рејтинг кај албанскиот блок од 7,7 отсто, а потоа следат БЕСА и Алијанса за Албанците со идентичен рејтинг од 1,3 отсто.