Анкета: Поддршката на Трамп и Хилари речиси изедначена

Поддршката на претендентот за републикански претседателски кандидат Доналд Трамп порасна, па сега тој е речиси изедначен со претендентот за кандидат на демократите Хилари Клинтон кај американските гласачи, покажуваат податоците добиени од најновата анкета.

Истражувањето покажува дека од Американците кои ќе гласаат засега 41 процент од нив ја поддржуваат Хилари Клинтон, додека 40 проценти Трамп.

Истовремено, 19 отсто од анкетираните лица биле неодлучни, покажува анкетата во која учествувале 1.289 лица.

Резултатите од истражувањето покажале дека дошло до голем пораст на поддршката за Трамп по неговата победа врз тексашкиот сенатор Тед Круз и гувернерот од Охајо Џон Кејсик, по што тој е единствениот републиканец во изборната трка за претседател на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.